Обврски
Сè што компанијата должи — на добавувачи, банки, вработени и на државата.
Обврските ги вклучуваат долгорочните и краткорочните обврски, банкарските кредити, резервирањата и разграничувањата. Тоа се сите побарувања кон компанијата што ги имаат други освен нејзините содружници.
Високите обврски не се автоматски лоши — без туѓи извори повеќето компании не би растеле. Суштинско е дали компанијата може да ги опслужува: дали има доволно тековни средства за краткорочните обврски и дали добивката стига за отплатите.
Ако обврските се повисоки од целата актива, компанијата има негативен капитал.
Од каде го земаме овој број
Биланс на состојба, страна на пасива, редот „Обврски“. Во скратениот и во целосниот образец станува збор за различен ред, затоа ги мапираме според бројот на редот, а не според текстот.
Поврзани поими