Нето маржа

Колкав дел од приходите ѝ останува на компанијата како нето добивка. Пресметан податок, не ред од годишната сметка.

Нето маржата е добивката по оданочување поделена со приходите, изразена во проценти. Покажува колку од секој заработен денар навистина ѝ останува на компанијата.

Споредувањето има смисла само во рамките на иста дејност. Трговијата на големо вообичаено работи на неколку проценти, софтверот или консалтингот на десетици — пониска маржа не значи полоша компанија.

Овој број нема да го најдете во годишната сметка. Го пресметуваме од два реда што ги има таму, и го означуваме како пресметан.