Годишна сметка

Годишниот извештај за работењето на компанијата, што се предава во Централниот регистар.

Годишната сметка содржи биланс на состојба, биланс на успех и белешки. Компаниите ја поднесуваат до Централниот регистар, од каде е јавно достапна.

Постојат повеќе обрасци според големината на компанијата — мал субјект поднесува скратен извештај со значително помалку редови од голем. Затоа истата ставка се наоѓа во различни сметки на различни редови, и затоа ја мапираме според бројот на редот во конкретниот образец.

Годишните сметки пристигнуваат со задоцнување: пресметковниот период завршува на 31 декември, поднесувањето е во текот на следната година, а објавувањето уште подоцна.

Годишна сметка | Overit.mk