Додадена вредност
Колку вредност создала компанијата над она што го купила од други.
Додадената вредност е разликата меѓу приходите и трошоците за материјал, стоки и услуги набавени однадвор. Тоа е вредноста што компанијата ја создала со сопствена работа и капитал, пред плати, амортизација и даноци.
При споредба на компании кажува повеќе од приходите. Посредник со висок промет и ниска маржа има мала додадена вредност; производител или консултантска фирма значително повисока при исти приходи.
Од каде го земаме овој број
Биланс на успех, редот „Додадена вредност“.